четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 61
home Вести

Адвокат Тошковски: Министерката Ангеловска стори флагрантна злоупотреба на нејзината службена положба

Адвокат Тошковски: Министерката Ангеловска стори флагрантна злоупотреба на нејзината службена положба

Скандалот во Министерството за финансии прерасна во уште поголем скандал. Министерката поставена од СДСМ, Нина Ангеловска им забрани на вработените да комуницираат со дополнителната заменик-министерка во техничката Влада, Гордана Димитриеска-Кочоска, а потоа излажа дека не го сторила тоа. Документот кој го виде јавноста ја докажа лагата. Јасно е дека забрана постоела, на страна што е документирана.

Факт е дека со ова Ангеловска ги принудува вработените во МФ на непослушност, односно да не ги примаат наредбите од дополнителната заменик-министерка Димитриеска-Кочоска без претходно таа да ги одобри.

Со наредбата на Ангеловска, всушност вработените се принудени да прават кривично дело, а од друга страна, се саботира работата на Димитриеска-Кочоска.

КУРИР стапи во контакт со адвокатот Панче Тошковски за од правен аспект да ни објасни дали ова е грубо кршење на закон. Тошковски, истовремено, е и надворешен соработник на Димитрова-Кочовска, па е одлично запознаен и со случувањата во МФ.

-Министерката за финансии преку својот кабинет со вчерашната изјава најпрво ги потцени, а потоа и ги навреди граѓаните на Република Македонија, вадејќи се дека забраната за комуникација на вработените во министерството, кои ги плаќаат токму македонските граѓани, всушност била Процедура за работа, согласно која вработените го работат предметот, го доставуваат до раководното лице на одобрување, а потоа до Кабинетот на одобрување – што е пракса години наназад. Со ваквото постапување министерката стори флагрантна злоупотреба на нејзината службена положба и овластување и не може да се задскрива зад Процедурата за изработка и проверка на предмети, кога со предметниот маил министерката јасно забранува дирекна комуникација и наредува незаконски проверка на документи и акти сопственост на граѓаните на Република Македонија кои, согласно Законот за Влада има право веднаш да и бидат дадени на увид на дополнителниот заменик министер, истакна Тошковски во изјава за КУРИР.

Тој потенцира дека СДСМ е на власт три години, а уште немаат сфатено дека нивна работа е да му слугуваат на македонскиот народ.

Тошковски порачува дека ваквите политичари, како Ангеловска, повеќе нема да ги гледаме на одговорни државнички позиции.

Коронавирус