сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 70
home Вести

Администрацијата во повеќе медицински јавни установи во Скопје денеска излезе на протест

Администрацијата во повеќе медицински јавни установи во Скопје денеска излезе на протест

Администрацијата и помошно- техничкиот персонал вработен во рамки на клиниките во Комплексот Мајка Тереза денеска излегува на протест во 12:30 часот, а по тој повод кон протестот се придружија и нивните колеги од повеќе поликлиники во Скопје.

Имено вработените во администрацијата во поликлиниките Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир Бит Пазар и неколку останати денеска излегоа на протест. Тие протестираа малку пред закажаниот протест на нивните колеги од Клиничкиот центар за 12.30 часот, а поради незадоволството од нивните плати.

Медицинската администрација е револтирана поради тоа што не добиле зголемување на платата заедно со лекарите и медицинските сестри.

Тие во неколку наврати имале два обиди за средба со министерот за здравство Венко Филипче, но во двата случаи тој им ја откажал средбата објаснувајќи им дека има други обврски.

Инаку нивните плати се движат од 12 илјади до 20 илјади денари, а само во јавните установи во Скопје работат околу 6 илјади вработени.

Коронавирус