петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 55
home Вести

АД Бутел ја намали цената на погребите

АД Бутел ја намали цената на погребите

На Влада досега не се разговарало овие трошоци да бидат на товар на државата, заради пандемијата која е глобален проблем

Не сме разговарале во Владата дополнителните трошоци за погребални услуги, односно за лимениот сандук да бидат на трошок на државата, одговори министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето на НОВА, зошто државата во услови на пандемија, кога тоа е глобален проблем, државата не ги превземе обврските за овие трошоци бидејќи семејствата не само што ги губат најблиските, туку плаќаат и големи суми за тоа.

„Разговарав со директорот на АД Бутел, тој излезе во пресрет и ги намалија цените. Не сме разговарале на Влада за ова досега“, изјави министерот Филипе на денешната прес конференција.

Цените се намалени за сите погребални услуги за 7 до 10 илјади денари во случаите со КОВИД-19 . Оваа одлука на Управниот одбор на погребалното претпријатие дојде по многубројните реакции на семејствата на починатите од опасниот вирус, но и по написите во медиумите.

ЕУРО 2020

Македонија