сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 34
home Вести

“А штрајкот со глад кога ќе го почнат?” отвори вербална војна меѓу професорките

“А штрајкот со глад кога ќе го почнат?” отвори вербална војна меѓу професорките

Беса Арифи, која меѓу другото е сестра на високата функционерка од ДУИ, Теута Арифи, ја раздрма македонската јавност со својата “дрска” колумна каде го коментира законот за јазиците.

Таа во колумната под наслов “А штрајкот со глад кога ќе почнат?” се осврнува на статусот на професорката и поранешна пратеничка на СДСМ Каролина Ристова – Астеруд на “Фејсбук”, која тврди дека Законот за јазици е “рамковна и уставна тиранија на малцинството”.

Тоа е поводот за нов пост на Ристова – Астеруд насловен „А кога Беса Арифи ќе почне да се ‘продава’ и да препознава за тоа што е, а не за тоа што не е?“

„Ја исчитав колумната на Беса Арифи, посветена, меѓу другото, и на мојата белешка и за разлика од неа, што демек нè жали некои од нас (меѓу другото и мене, слободно можеше по име да ме спомнеш), јас чувствувам грозење и гадење од нејзиното лажење и манипулации“. Ова го истакнаРистова-Астеруд, која оценува дека станува збор за „тешка албанска националистка!

“Фактот што и замера на друга професорка (Најчевска) дека решила таму да цепидлачи за 20% (кои правно-релевантно можат да се утврдат само преку попис!) , небаре тоа не е уставна категорија, патем претходно договорена во Рамковен. Секако, не ја адресира и „малата ситница“ како тоа „20%„ станаа „20 % (албански)„ ? Тоа, за голема правничка како Беса не е прашање за правна анализа (а и било каква друга!)”, вели во колумната Ристова – Астеруд, алудирајќи на “Фејсбук” колумната пак, на професорката Мирјана Најчевска која прашува:

“Јас повторно ќе прашам: како ќе се примени Законот за јазиците без попис? На жими мајка? Како да знам дека етничките Албанци во Македонија се 20% од населението кога не знам колку население има во Македонија?

Или не смеам да барам попис затоа што е тоа израз на албанофобија?”.

Острата реакција на Најчевска на колумната на Арифи се однесува највеќе на делот каде таа тврди дека Албанците се дискриминирани од Македонците.

“Беса, Беса, правото е сериозна работа, а човековите права можат да бидат заштитени само во услови на владеење на правото. Се друго е драга моја политички волунтаризам спакуван во националистичка обланда која ги затвора очите.

Или се држиш до правото или го прилагодуваш на сопствените предрасуди. Трето нема.

А правото вели: кога во закон ќе ставиш услов тој услов треба да се почитува”, вели Најчевска.

Таа во колумната признава дека е многу разочарана од Арифи и дека се кае и срами оти не не ја научила како што треба. Кога Арифи се повикува на историјата таа треба да има трошка доблест и да ги препознае сите оние кои тогаш застанале не во одбрана на Албанците туку во одбрана на еднаквоста и вредносниот систем на човековите права, пишува Најчевска .

“Многу ме разочара дете, ама изгледа национализмот е преголем залак кој тешко се голта.

Прашањето е до кога ќе се одложува пописот и до кога ќе се прават стратегии во државата без да се знае точниот број на население затоа што некој сака ди си игра со балонот на национализмот?

И дете, оди прочитај ја Повелбата пред да застанеш пред студентите.

Таков е редот.

И да дете се срамам од себе. Се срамам заради тоа што сум те учела а не сум успеала да те научам.

Тоа ти е”.

Најнови вести

Коронавирус