среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 19
home Вести

80 лица на ден во септември останувале без работа

80 лица на ден во септември останувале без работа

Расте бројот на отпуштања на работници во Македонија. И покрај четирите пакет мерки на владата за помош и поддршка на стопанството за справување со последиците со корона кризата. Мерките на владата не даваат ефекти.

Забелешки за мерките дека тие се ненавремени нетранспаренти и задоцнети имаше и од невладиниот сектор, бизнис секторот и стопанската комора. За еден месец бројот на отпушени поради корона кризата се зголемил за 2.239 лица, евидентира Агенцијата за вработување за периодот од 31 август до 30 септември. Или дневно останувале без работа нешто помалку од 80 лица.

Ова се должи на намалување на обемот на работа на компаните, затварањето на границите како и скратеното работно време поради полицискиот час и карантинот.

Од 31 август до 30 септември бројот на отпуштени се зголемил за 2.239 лица според агенцијата за вработување. Кон крајот на август годинава, бројот на останати граѓани без работа изнесуваше 12.580 граѓани. Бројот на отпуштањата особено се зголеми откако престанаа да важат мерките за помош на фирмите за плати на вработените.

Според состојбата во Агенцијата за вработување на 30 септември 2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11 март 2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19, се вели во објавата од Агенцијата за вработување.

Инаку, ако се погледнат податоците за тоа колку лица се евидентирани како невработени, на крајот на септември таа бројка изнесувала 151.359 лица. Тоа е за 6.600 повеќе во однос на крајот на август, односно од пред еден месец, кога како невработени биле евидентирани 144.759 невработени.

Додека, пак, во однос на февруари, или за седум месеци колку што трае ковид кризата, борјот на невработени кои се евидентирани се зголемен за 45.543 лица, бидејќи на крајот на вториот месец од годинава тој изнесувал 105.816 лица.

Коронавирус