среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

70% oд средношколците се подготвени да си заминат од државата

70% oд средношколците се подготвени да си заминат од државата

Дали да си одам или да останам е темата на тридневната меѓународна конференција за која дебатираат во Крушево шеесетина млади лидери од 16 држави од југоисточна Европа. Истражувањата покажаа дека близу 70 отсто од средношколците се подготвени да заминат од државава. Слична е ситуацијата и во соседна Албанија. Во Словенија пак пред четири години сакале да останат 41 отсто,сега само 34 отсто. Слична е состојбата и во Грција, Хрватска но и во Бугарија, пренесува Канал 5.

–Младите бараат да живеат во држави без корупција, соодветно да им биде вреднуван трудот. Да добиваат работни места според образованието. Подобра здравствена заштита но сакаат и по квалитетен живот – вели Методија Стојчевски од Младински сојуз.
Ситуацијата во Хрватска исто така е иста како во целиот регион.

–Многу млади се иселуваат. Поволноста е што Хрватска е член на Европската унија,па тоа им овозможува на младите без проблеми да одат и да живеат во други развиени држави од унијата. Главната причина за иселување е незадоволството, особено кај образованите млади луѓе што не можат да најдат работа за тоа што се едуцирале – вели Маја Лисац од Хрватска.
Заклучоците од оваа конференцијата ќе бидат испратени во парламентот со цел истите да се имплементираат и во активностите на владата за ако не повеќе тогаш трендот на иселувањето да се намали.

Коронавирус