петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

60.000 евра за вработувања преку Агенцијата на шефот на кабинет на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити

Договорот за јавни набавки услуги – привремени вработувања е склучен на 31-ви јануари годинава. И тоа ни помалку ни повеќе, со Агенција за привремени вработувања „Мотиви“ каде управител е шефот на кабинет на поранешниот градоначалник на Чаир, Меџити.
60.000 евра за вработувања преку Агенцијата на шефот на кабинет на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити

Владата на Зоран Заев ќе одвои 60.000 евра за вработувања преку Агенцијата на поранешниот шеф на кабинет на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Станува збор за лицето Норик Селими.

Договорот за јавни набавки услуги – привремени вработувања е склучен на 31-ви јануари годинава. И тоа ни помалку ни повеќе, со Агенција за привремени вработувања „Мотиви“ каде управител е шефот на кабинет на поранешниот градоначалник на Чаир, Меџити.

Вкупната сума на услугите без ДДВ изнесува 3.443.000,00 или околу 60.000 евра.

Меѓу другото, Норик Селими беше вклучен и во настаните од октомври минатата година кога жителите реагираа дека на јавниот простор во Топанско Поле во Чаир, ќе се издигне станбена зграда. Општина Чаир излезе со објаснување дека лицето Мехмет Имишти, на лична иницијатива ја поставил оградата на парцелата за да започне со работа. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, тогаш исклучи  секаква можност да се подигне зграда на местото кое е предвидено како простор за спорт и рекреација.

Реакцијата на Меџити следеше по протестот кој Џељал Рамадани го најави преку Фејсбук страницата „Сакаме чист Чаир“. Жителите пак се оддалечија по консултациите со советниците на Изет Меџити, Валон Бела и Норик Селими, кои беа присутни цело време додека тие се собираа.

Коронавирус