четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

50 македонски граѓани починаа од коронавирус за 24 часа, а Заев и Филипче се шетаат со хеликоптер

50 македонски граѓани починаа од коронавирус за 24 часа, а Заев и Филипче се шетаат со хеликоптер

50 македонски граѓани починаа од коронавирус изминативе 24 часа. 50 семејства завиени во црно. Кобната статистика секојдневно влева неподнослив страв кај народот, а оние кои се надлежни за состојбата и цела година не превземаа ништо, денес си шетаат со хеликоптер.

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денес во Прилеп пристигнале со хеликоптер на МВР.

Запрашан дали пристигнале со хеликоптер, Заев одговори:

-Да, со хеликоптерот на МВР. Јас, министерот Венко Филипче и Јагода Шахпаска, рече Заев.

Овој ден е црн за цела Македонија. Според официјалниот извештај кој го добивме од Министерството за здравство, во изминативе 24 часа пријавени се вкупно 50 починати лица:

19 од Скопје (95г,92г,86г,84г,81г,80г,80г,78г,76г,75г,73г,73г,70г,70г,68г,62г,61г,60г,58г), 4 од Кичево (63г,62г,56г,53г), по 3 пациенти од Куманово (74г,74г,56г), Битола (73г,69г,55г), и Штип (82г,67г,53г), по 2 од Прилеп (82г,53г), Велес (77г,70г), Струмица (84г,74г) , Кочани (66г,63г) и Крива Паланка (77г,53г), а по еден пациент е пријавен од Тетово (46г), Гостивар (65г), Кавадарци (65г), Охрид (58г), Струга (72г), Неготино (62г) и Ресен (76г). 46 пациенти се починати во болнички услови, додека 4 пациенти се починати во домашни услови.

Додека состојбата со коронавирусот е на високо критично ниво и бројот на новозаразени и починати од истиот секојдневно се зголемува, и додека народот е оставен сам на себе да се снаоѓа како умее и знае, функционерите од властаси живеат лагодно.

Ова претставува скандал сам по себе и исто така го потврдува фактот дека функционерите повеќе сакаат да уживаат во благодетите кои што им ги нуди функцијата и Владата на СДСМ, отколку да ги засукаат ракавите и да му излезат во пресрет на својот народ, кој што поради коронакризата и недостатокот на вакцини, решението го бараат во соседна Србија.

Претходно двајцата високи функционери од владата, Љупчо Николовски за викенд беше во Дубаи, додека поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски со семејството се одмараше на Мексико, за време кога низ целиот свет беснеаат повеќе мутации на коронавирус.

Коронавирус