вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

„5 до 12“: Независна комисија да ја преиспита психофизичката состојба на згрижените деца

„5 до 12“: Независна комисија да ја преиспита психофизичката состојба на згрижените деца

Граѓанската иницијатива „5 до 12“ која ги застапува правата на деца со посебни потреби бара независна експертска комисија да направи реевалуација на психофизичката состојба на децата без родители коишто се згрижени во семејства или во групни домови.

Тие сметаат дека процесот на деинституционализација почнал несоодветно и дека во многу семејства кои иако имаат PRIDE-сертификат за згрижување/посвојување децата ги немаат потребните услови и дека, според нив, трпат психичка злоупотреба, физичка тортура и се експлоатирани за работа.

– Тие деца се во внатрешноста на Македонија и не се знае каде се сместени зашто немаме регистар каде се децата без родители, а немаме ни регистар за деца без родители кои наполниле 18 години, дали се вработени, дали се социјални случаи, изјави Суарет Алишан, кој и самииот е лице кое растело без родители и е со попреченост.

Бараат независната комисија која што ќе ја преиспитува психофизичката состојба на децата и условите во коишто се сместени да биде составени со претставници од Народниот правобранител, граѓанскиот сектор, социјален работник, психолог, педагог, дефектолог.

На сите деца кои се сместени дали во групни домови или во семејства да им се направи реевалуација на нивната психофизичка состојба, бидејќи децата страдаат, живеат и растат со трауми, истакна Алишан пред Министгерството за труд и социјална политика од кое бараат да го прифати нивното барање, а вчера поднеле и претставка до Народниот правобранител.

Локални избори 2021