петок, 4. декември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Линеарниот раст на Филипче исчезна: 44 новозаболени од коронавирус и двајца починати во Македонија

Линеарниот раст на Филипче исчезна: 44 новозаболени од коронавирус и двајца починати во Македонија

Регистрирани 44 нови случаи – вкупната бројка на  дијагностицирани изнесува  329 лица, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, соопштија од министерството за здравство.

-Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања. Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Куманово- 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола- 3, Струга – 2, Штип-1, Прилеп – 1, истакнуваат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје- 176
  • Дебар – 47
  • Куманово – 47
  • Штип- 15
  • Прилеп – 10
  • Тетово – 8
  • Струга – 7
  • Велес – 6
  • Битола – 4
  • Охрид – 3
  • Кавадарци – 2
  • Гостивар – 1
  • Крива Паланка – 1
  • Струмица – 1
  • Гевгелија – 1

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19, додаваат од таму.

Коронавирус