петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 196
home Вести

42.000 евра ќе му плати државата на Верушевски

42.000 евра ќе му плати државата на Верушевски

Граѓанскиот суд на ексразузнавачот Зоран Верушевски за поминати 344 дена неосновано во притвор за измислениот предмет „Пуч“ му досуди отштета од државата за претрпени душевна болка и повреда на угледот и честа во износ од 42 илјади евра.

Тој има право на жалба бидејќи со тужбеното барање побара 71.000 евра. Има право да се жали и заменикот државен правобранител во име на државата и колку побрзо ќе стане правосилна пресудата, толку помала сума ќе му се даде на тужителот, бидејќи од денеска тече и камата на овие 42 илјади евра што му ги даде првостепениот суд на Верушевски.

Верушевски во 2015 година, откако почнаа да се објавуваат бомбите, беше веднаш притворен, со обвинувања првин за неовластено поседување на службениот патем пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа, со цел тогашниот премиер Никола Груевски да ја убеди јавноста дека не прислушувале тој и УБК со која раководеше тогаш Сашо Мијалков, туку дека Верушевски и странски служби прислушувале.

За оружјето беше ослободен, а обвинението за „Пуч“ го повлече Катица Јанева. Така тој и сопругата Соња Верушевска стекнаа право за отштета од државата.

 

Најнови вести

Коронавирус