четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

40 автобуси на ЈСП не се возат веќе 6 месеци зошто немаат гуми

40 автобуси на ЈСП не се возат веќе 6 месеци зошто немаат гуми

Најмалку 40 автобуси на ЈСП стојат без на паркинзите на ЈСП и н возат низ градот затоа што веќе 6 месеци немаат гуми, пренесува „Телма“. Тендерската документација која стои сајтот за електронски набавки покажува дека јавното претпријатие во јуни оваа година распишала тендер за набавка на 292 надворешни гуми ТУБЕЛЕС произведени по европски стандарди за градските автобуси. Тоа се гуми за украинските и кинеските автобуси.

Во септември ЈСП ја одбрало фирмата ТДА Трејд ДОО за набавка на гумите за што треба да плати околу 130 илјади евра. Рокот на испорака 5 дена по склучувањето на договорот.

Ова е склучениот договор меѓу ЈСП и ТДА Трејд ДОО со датум 21 септември, во член 7 стои дека фирмата треба за 5 дена од склучувањето на договорт да ги достави гумите до јавното претпријатие. Во договорот стои дека ако фирмата не се придржува кон договорот, тогаш ЈСП може да набави гуми од друга фирма, а разликата во цената да падне на товар на „ТДА Трејд”.

Тоа и се случило, бидејќи тендерот траел дoлго ЈСП склучува нов договор на 10 септември, овој пат со Технокомерц – во четири очи заради итност на набавката, пренесува телевизијата. Барањето е да се набават гуми за кинеските и украинските автобуси, а бројката е преполовена на само 100 гуми. И во овој договор рокот за испорака е 5 дена. До сега се испорачани само 48 гуми.

Од ЈСП за „Телма“ демантираат дека автобусите немаат гуми. Остануваат на тврдењата дека автобусите се целосно нефункционални и притоа демонтирани, а од практична причина нивните употребливи гуми се извадени и по потреба се користат за други, исправни возила.

Ве информираме и потенцираме дека круцијалниот проблем во ЈСП Скопје не е во недостиг на гуми, туку во возниот парк кој е составен од неквалитетни и непрактични автобуси, тешки и комплицирани за соодветно одржување, поради што голем број на возила не се во возна состојба и се на пат кон расходување“, соопштија од ЈСП.

Од друга страна информациите на „Телма“ говорат дека само во гаражата Ѓорче Петров 27 автобуси не возат само затоа што немаат гуми. Годишно овие автобуси трошат околу 700 гуми.

ЈСП не дозволи камерите на „Телма“ да ги снимат автобусите без гуми во Автокоманда и Ѓорче Петров, туку им испрати неколку фотографии од расклопени кинески панорамски автобуси кои се во ваква состојба затоа што се ваделе делови за други автобуси.

Во меѓувреме жителите на Скопје се возат во автобуси слични на експонатите во музејот на ЈСП во Ѓорче Петров.

Најнови вести

Коронавирус