среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 100
home Вести

346 санкционирани возачи во Скопје: 150 за пречекорена брзина, 28 мотоциклисти

346 санкционирани возачи во Скопје: 150 за пречекорена брзина, 28 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 346 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, нерегистрирани возила 24, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак (вкупно 83), а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска, соопштуваат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коронавирус