четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 128
home Вести

“300”: Судот не дозволи одбраната да го сослуша вештото лице

“300”: Судот не дозволи одбраната да го сослуша вештото лице

На денешното рочиште за предметот “300” одбраната сакаше да го сослушува техничкиот советник Павлина Стојанова, но по реагирањето на јавниот обвинител судскиот совет го отфрли барањето како неосновано.

Станува збор за наод и мислење кое судот не го прифаќа, како што рече судијата Добрила Кацарска, туку го прифаќа техничкото мислење на вештакот Страхил Глигоровски кое јавниот обвинител на денешното рочиште треба само да го прочита како доказ.

Инаку, Глигоровски е истото вешто лице кое на рочиште за “Траекторија” се изјаснил дека е неподготвен да одговара на прашањата и затоа не присуствувал на истото, па судијата го казни со сума од 1500 евра.

Коронавирус