вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 147
home Вести

30 часа од под урнатините се ваделе само мртви- по 30 часа тројца браќа здогледале светлина, но без родителите…

30 часа од под урнатините се ваделе само мртви- по 30 часа тројца браќа здогледале светлина, но без родителите…

Денеска се одбележуваат 56 години од катастрофалниот скопски земјотрес кој се случил на 26 јули 1963-тата година во кој 1.070 луѓе го загубиле животот, а 3.000 биле повредени.

Катастрофалниот земјотрес се случил во пет часот и 17 минити, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над главата.

За трагедијата од тој кобен петок се раскажуваат многубројните сведоштвата на оние кој биле под урнатините, оние  кој ги загубиле своите најблиски и оние кој помагале секаде каде што било потребно.

Во зграда на улицата Орце Николов, која речиси била срамнета со земја, цели 30 часа спасувачите ваделе само мртви. Извадиле 56 тела и никој не се надевал дека некоја душа уште може уште да живее во тој крш.

Меѓутоа, за големо изненадување и по 30 часа излегоа живи три деца. Браќа. Најстариот 20 години. За него весниците и порано пишувале. Во 1962 година за поплавата тој помагал при спасување на повеќе од 20 граѓани.

Веднаш по затрупувањето, татко му од другата соба му јавил за смртта на мајка му. Двајцата негови помали браќа биле во неговата соба. Почнал да копа, да се пробива педа по педа, неговите браќа лазеле по него. Отпрвин копал со раце, потоа нашол некое железо.

По 30 часа непрестанато копање, здогледал светлина. Почнал да вика и од надвор луѓето го слушнале. Застанал на нозе како ништо да не се случило. По него излегле и неговите двајца браќа. Родителите им ги откопале мртви.

Коронавирус