недела, 9. мај 2021. Вести денес: 93
home Вести

27 годишно момче од Македонија доби ново срце – донор е семејство на 20 годишна девојка која починала во сообраќајна несреќа

27 годишно момче од Македонија доби ново срце – донор е семејство на 20 годишна девојка која починала во сообраќајна несреќа

Доцна синоќа на Клиниката за кардиохирургија беше извршена трансплантација на срце кај 27.годишно момче. кое подолго време чекало донор.

Сложената операција траеше неколку часа. Срцето кај младото момче почнало да чука пред 4 часот утринава.

Ова е втора операвција на пресадување на срце во историјата на Македонија.

Донорот инаку е 20-годишна девојка, која починала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство, како што претходно изјави министерот за здравство Венко Филипче, се согласило да ги донира нејзините органи.

Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“..

Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Коронавирус