понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 45
home Вести

24 години од атентатот врз Киро Глигоров

24 години од атентатот врз Киро Глигоров

На денешен ден пред 24 години беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Тогашниот претседател го преживеа атентатот и со тешки повреди во пределот на главата беше пренесен во Ургентниот центар. Истрагата за извршителите и мотивите сѐ уште трае.

До денешен ден мистерија кој и зошто го извршил нападот врз македонскиот претседател остана неразрешена и истражната постапка е се уште отворена.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција кон Собранието.

Во автомобил „Цитроен Ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, активиран на дистанца.

Во експлозијата загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

 

Коронавирус