вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 148
home Вести

24 часа по информацијата: Ни МНР ниту министерот за здравство Филипче не знаат кои се првите македонски граѓани во карантин за корона вирусот

И скоро 24 часа по информацијата дека имаме тројца сограѓани задржани на бродот во Јокохама, македонското МНР и засегнатото министерство за здравство немаат никаква информација за идентитетот на првите тројца Македонци за кои има сомнеж дека се заразени со корона вирусот и кои се наоѓаат во карантин на бродот во Јокохама.
24 часа по информацијата: Ни МНР ниту министерот за здравство Филипче не знаат кои се првите македонски граѓани во карантин за корона вирусот

Министерот за здравсто Венко Филипче, денеска даде изјава во врска со коронавирусот. Нема информација кои се тројцата македонски државјани во карантин на бродот заробен во Јокохама, Јапонија поради коронавирусот.

„Тројца на бродот и уште еден наш државјанин во Франција се во карантин. Кинеските власти на соодветен начин ги третираат, и пред да заминат од земјата, мора да бидат таму 14 дена во карантин. Кина пушта само здрави лица да ја напуштат земјата, и тие би не инфомирале за и ние да ги превземеме мерките тука. Што се однесува до тројцата државјани на бродот, детални информации ќе добиеме во текот на денот. Контактираме и со светската здравствена организација, и веднаш штом добиеме информации, ќе ја известиме јавноста“, рече Филипче.

Коронавирус