понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 178
home Вести

22-годишната трудница која почина од ковид-19 два пати одбивала да биде хоспитализирана- еве ги деталите од целата драма!

22-годишната трудница која почина од ковид-19 два пати одбивала да биде хоспитализирана- еве ги деталите од целата драма!

Пациентката одбила хоспитализација, примила инфузија, се чувствувала подобро, се потпишала и си заминала, рече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, на денешната прес-конференција, објавува Плусинфо.

Таа посочи дека трудницата била донесена на Клиниката на 23 ноември по трет пат, односно на 22 ноември била донесена два пати, но одбивала да биде хоспитализирана иако ѝ било објаснето дека се става во ризик себеси и бебето.

– Пациентката одбила хоспитализација, примила инфузија, се чувствувала подобро, се потпишала и си заминала. Повторно е вратена на Клиника околу 23 часот, меѓутоа повторно одбила да остане поради тоа што требало да биде хоспитализирана во делот каде што се хоспитализираат ковид пациентки, а таа имала негативен тест. Лабораторијата и клиниката укажуваа на тоа дека таа е ковид позитивна. Тие кои се пациентки со симптоми ги третираме како суспектни и ги ставаме во делот на ковид, но не кај позитивните туку со суспектните пациентки, меѓутоа пациентката повторно одбила, а кога се вратила на 23 ноември утрото веќе била со мртов плод и со многу влошена лабораторија – објасни Јовановска.

Најнови вести

Локални избори 2021