понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Вести

2019 е најцрна година на патиштата во Македонија: Безбедноста не се подигнува со удирање по џебот на граѓаните- потребни се суштински, стратешки и систематски промени

2019 е најцрна година на патиштата во Македонија: Безбедноста не се подигнува со удирање по џебот на граѓаните- потребни се суштински, стратешки и систематски промени

2019 е најцрна година на патиштата во Македонија.

Декларативни заложби, намален интизитет на активности, никакви суштински и системски промени. Возачите секојдневно гинат на патиштата во државата. Македонија нема институционален капацитет за да се справи со безбедноста на сообраќајот. Ова се согледува преку секојдневно следење на фрапантните статистички податоци за сообраќајните незгоди во 2019 година.

Со сигурност може да се констатира дека 2019 година е најцрна година на патиштата во Македонија, споредувајќи ги последниите 20 години.

Статистиката и бројките одат нагоре, секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди. Во нив досега се загинати стотина луѓе, а илјадници се повреди.

За какви стандарди на работа говориме ние? Дали е ова безбедност или незбедност?

Речиси и да нема празник, викенд или пак работен ден во кој ќе се случат дестина сообраќајни незгоди. Животите одат еден по еден, а преземени мерки и резултати 0.

Зарем има нешто поважно или побесценето од човечкиот живот, зарем има нешто што повеќе вреди.

Дали бизнис интересите на власта и ситните кадровски интереси на СДСМ и коалиционите партнери се поважни од здравјето и грижата за граѓаните на Македонија.

За жал живееме во држава во која власта нема почнато ниту еден посериозен инфрасткутурен проект за граѓаните во Македонија и не само што нема започнато ниту еден автопат или пак регионален пат, туку и тие кои што беа започнати не се довршуваат. Дополнително, ниту една институција не ги врши своите законски надлежности насочени кон подигнување на безбедноста на патиштата, а со тоа и заштита на животите на граѓаните.

Се поставуваат прашањата:

Што направија надлежните по фаталната сообраќајната незгода кај Ласкарци во која загинаа 16 лица? Какви законски промени се направија за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата?

Тогаш граѓаните потсетија дека „сите се возиме во ист автобус“, но се чини дека функционерите од власта се возат во луксузни и скапи возила и не гледаат или пак не ги допира тоа што се случува на патиштата.

Зарем големиот број на жртви во сообраќајни незгоди не е доволен за надлежните да почнат сериозно да се занимаваат со оваа тема? Министерството за внатрешни работи најавуваше измена и заострена регулатива во делот на станиците за технички прегледи, што се случи на оваа тема?

Не само што за првпат подолг временски период не се направени никакви измени во законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, туку и истиот се спроведува многу аматерски.

Пред една година речиси под рака и преку ноќ беа поделени бизнисите за испитните центри на луѓе кои се блиски до партиите од власта. Па така, во Скопје денес испит за возачи спроведува компанија која беше формирана само една недела пред добивање на бизнисот, а во Куманово фирма блиска до Оливер Спасовски, во Тетово до ДУИ, и не само овие три града, сите региони се иста приказна.

Колку време треба да помине за во Министерството за внатрешни работи да започне да се имплементира системот за следење на сообраќајните незгоди? Систем кој веќе функционира во сите земји членки на Европската Унија.

Колку време е потребно за Министерството за здравство да го имплементира системот за побрз одговор при сообраќајни незгоди? Во колку извештаи е нотирано дека системот за итна медицинска помош е неефикасен при сообраќајни незгоди и дека тоа е причина за големиот број сообраќајни незгоди кои завршуваат со смрт.

За потсетување, според неофицијалните статистички податоци во 2017 година Македонија беше во топ 5 земји кои имаат најголем прогрес, односно најголемо намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Според бројките кои ги имаме оваа година, сигурно сме некаде на дното заедно со нереазвиените земји кои вооопшто не инвеститираат во сообраќајна инфраструктура.

И кога сме веќе кај 2018 година, тогаш Министерот за транспорт и врски помпезно најави дека до крајот на годината ќе се формира Агенција за безбедност на сообраќајот. Уште едно празно и нереализирано ветување, уште еден од проектите кои воопшто не е започнат со реализиција. Денес скоро година дена од првиот рок, ниту имаме Агенција, а ниту е започнат процесот на нејзино основање.

Во рамки на Владата, постои координативно тело за подигнување на безбедноста на патиштата, но тука се поставува прашањето дали и кога ова тело последен пат одржало седница. Дали воопшто некој е свесен дека постои вакво тело, кои се неговите надлежности и која е неговата важност?

Министерството за внатрешни работи најавува системски и законски промени, но освен ригорозни контроли, ништо суштински не се случува. Безбедноста не се подигнува со зголемен број на полицијци на улиците. Безбедноста не се подигнува со удирање по џебот на граѓаните. Полицајците одговорно си ја вршат својата работа, но тоа не го намалува бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Потребни се суштински, стратешки и систематски промени.

Сите овие теми се уште една потврда за негрижата на владата предводена од СДСМ за својата земја и за своите граѓани.

Непреземањето било какви мерки, реформи и чекори во услови кога секојдневно гинат голем број невини луѓе на патиштата во Македонија, со други зборови е срамно и мизерно.

Надлежните институции час поскоро треба да седнат и да преземат конкретни мерки и активности. Вистинско време е да се стави крај на црната чума која преставува сериозна закана за животот и за граѓаните на Македонија.