сабота, 28. март 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

2/3 од граѓаните имаат роднини иселени во странство

2/3 од граѓаните имаат роднини иселени во странство

Во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител според анкетата 2/3 од граѓаните изјавиле дека имаат роднини иселени во странство.

Имено според анкетата на прашањето „Дали имате некој близок кој се преселил во странство“ дури 60,2 проценти од анкетираните одговориле дека имаат иселено лице во странство, додека 36,5 проценти одговориле дека немаат иселено блиско лице во странство.

Овие поразителни бројки се само уште еден доказ дека Заев само лажеше пред граѓаните кога ветуваше дека ќе го намали иселувањето од Македонија и тука ќе отвора нови работни места и ќе ги зголеми платите.

Уште еден доказ за катастрофалното владеење на СДСМ е вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски кој изјави дека доколку не би бил претседател на државата и тој би се иселил од Македонија поради лошите политики на власта и минималната плата која е разочарувачка за сите, особено за младите генерации.