сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

1ТВ: Сите ќе бидат изнeнадени од позадината и вистината за „Рекет“

1ТВ: Сите ќе бидат изнeнадени од позадината и вистината за „Рекет“

На Фејсбук и Инстаграм страната на  згаснатата 1ТВ денеска излезе објава во која се вели дека „Вистината е како шило“.

„Доволно долго време паузиравме со објави на нашите профили. Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ, Бојан Јовановски и кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоиствен третман, човек кој беше другар со секој враборен во 1ТВ. Ние сме сведоци на фактите кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но…Во контекст на оваа фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот правен предмет „Рекет“ сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за предметот „Рекет“. Како беше онаа познатата реплика „Вистината е како шило“. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет“!!!“, пишува на постот.

Кој ја напишал оваа порака и што се најавува не е познато. Профилот на ФБ и Инстаграм и покрај згаснувањето на телевизијата и понатаму се активни.

Бојан Јовановски и Катица Јанева се галавните на кои им се суди за случајот Рекет. Од сите инволвирани само Бојан е во притвор во Шутка ,за Јанева во куќен притвор. Денеска судењето се одложи поради болест на адвокатите на Јанева.

Најнови вести

Коронавирус