недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

17 медицинари заразени: Филипче ќе санкционира доктори, матичните дури денеска добија маски?!

17 медицинари заразени: Филипче ќе санкционира доктори, матичните дури денеска добија маски?!

Венко Филипче конечно најави дека ќe санкционира лекари кои се сомневале дека имаат коронавирус, а доаѓале на работа. Логичното прашање е зошто тоа веднаш не го кажа за доктор Цаца од Клиника за кожни болести, инаку блиска до СДСМ. Таа досега зарази најмалку 6 лица со КОВИД-19.

Бројот на заболени здравствени работници од коронавирус до вчера беше 17, а добар дел од нив, не биле свесни дека имале контакт со некој заболен, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес конференција.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица, од кои три лица се излечени, а три починаа.

На Клиниката за кардиологија, еден од членовите на резервниот тим, на работа пријавил симптоми за коронавирус. Вработениот бил на оддел каде нема лежечки пациенти туку само за интеревенција, и со тоа лекарите се целосно заштитени.

„Доколку се востанови дека некој се појавил на работа, а знаел дека има сиптоми, ќе следат санкции. Целосно е испочитуван протоколот и се работи во групи“, рече министерот за здравство Филипче.

 

Од 219 регистрирани позитивни на коронавирусот, на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 41 лице, седум се во потешка состојба но респиратно независни, 27 се во средно тешка и 7 се со полесна клиничка слика. Другите се на домашо лекување. Стабилна е состојбата и на пациентите во Штип.

 

Министерот додаде дека денеска маски добиле и матичните лекари. Тоа се случува по толку денови поминати од отворањето на кризата

Коронавирус