сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 93
home Вести

16 годишно момче се бори за живот поради компликации од морбили

16 годишно момче се бори за живот поради компликации од морбили

16 годишен пациент со церебрална парализа се бори за живот на Инфективна клиника поради сериозните компликации од морбили, јавува Сител,

. Се наоѓа на одделот за интензивно лекување и е на апарати за дишење. Во тешка состојба и на механичка вентилација е и 11 месечно бебе со мали сипаници хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Во оваа здравствена установа за да имаат простор за хоспитализација на потешки случаи со заразната болест, бебињата кои се со лесна клиничка слика ќе ги препраќаат во болницата во Козле каде веќе имаат случаи со мали сипаници.

-Имаме три дечиња од 6 месечна до двегодишна возсрат ко исе со морбили. Кај двајца е докажана заразата а третото е суспектно. Но ние имаме протокол во установата кој стриктно го почитуваме за оваа цел. Заболени од персоналот немаме, сите се вакцинирани. За да се спречи понатамошно ширење дадени се сите препораки за намалување на бројот на заразени од соодветните комисии, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болница за белодробни заболувања кај деца во Козле.

По прогласувањето на епидемија во цела држава, во многу болници и клиники вработените задолжително ги проверуваат вакциналните картони и тие кои не се заштитени од мали сипаници мора да бидат вакцинирани. Иста наредба има и за негувателиките и воспитувачките во градинките кои најдоцна до среда мора да го проверат својот вакцинален статус.

Во понеделниик почнува и теренската вакцинација низ училиштата, каде со вакцината против МРП ќе бидат боцнати сите невакцинирани ученици. Но за тоа мобилните здравствени тимови ќе мора да добијат согласност од родителите.