четврток, 21. септември 2023. Вести денес: 118
home Вести

15-годишната Елеонора не престанува да реди медали, овој пат со проект по физика

15-годишната Елеонора не престанува да реди медали, овој пат со проект по физика

Елеонора Скендерска 15 годишно девојче од Берово , автор веќе на две книги , деновиве се закити со сребрен медал на триесет и деветтиот натпревар на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија Макинова .

Но овој медал и награда не се единствени за неа , како долгогодишен член на Народна техника Берово, има учествувано на многу натпревари и освојувано медаљи и награди .

Проектот кој го подготви за овогодинешниот натпревар е од областа на физиката поточно елетроника. Електро-економскиот уред произведува струја за користење на уреди со моќност од осумстотини до илјада вати на било кое место во било кое време , каде што немаме друг извор на струја.

Може да послужи како извор на струја за осветлување на простории, вклучување на уреди од домаќинство и слично . Овој извонреден изум заштедува и на пари , па затоа го носи името електро-економски уред .