четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 177
home Вести

15 функционери на Заев треба да “летаат”

15 функционери на Заев треба да “летаат”

На почетокот на својот мандат премиерот Зоран Заев и функционерите ветуваа транспарентност во работењето, достапност и отвореност за јавноста. Но денес после 4 години владеење и 100 дена влада нема ништо од транспарентноста на функционерите на Заев.

Функционерите на СДСМ криеле и не објавувале финансиски извештаи, годишни сметки со што според закон дури 15 од нив ги исполниле условите за резрешување. Никој не знае каде завршуваат парите на даночните обврзници и на што се трошат.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажало дека 9 јавни и државни претпријатија немаат објавено ниту еден квартален извештај со показатели за финансиското работење на нивните веб-страници, а други 6 претпријатија го немаат објавено последниот за периодот јули-септември. Во истражувањето се наведува дека се исполнети услови за разрешување на 15 директори на јавни претпријатија.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажало дека 9 јавни и државни претпријатија немаат објавено ниту еден квартален извештај со показатели за финансиското работење на нивните веб-страници, а други 6 претпријатија го немаат објавено последниот за периодот јули-септември. Во истражувањето се наведува дека се исполнети услови за разрешување на 15 директори на јавни претпријатија.

Законот за јавни претпријатија предвидува разрешување на директорот на претпријатието за ненавремено објавување на веб-страницата на претпријатието на тримесечните финансиски извештаи за тековната година, како и на годишната сметка и извештајот за претходната гoдина. Во истражувањето се наведува дека една третина од претпријатија не ги објавуваат ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори.

Објавувањето на биографиите на членовите на овие управувачки органи е практика само на 13 проценти од претпријатијата, се вели во истражувањето.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации е спроведено во рамки на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија. ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Македонија, Јавно радиодифузно претпријатие Национална радио-телевизија – Скопје, Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, Јавно комунално претпријатие Дервен Велес, Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, Јавно претпријатие за комунални дејности Комуналец – Струмица, Јавно претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, ЈП Комуналец Прилеп Јавно комунално претпријатие Тетово,

Истовремено својот последен квартален извештај годинава го немаат објавено на увид на јавноста: Јавно претпријатие за државни патишта, Јавно претпријатие Паркови и зеленило Скопје, Јавно претпријатие Стрежево Битола, Јавно претпријатие Водовод – Куманово, Јавно комунално претпријатие Водовод – Битола Јавно претпријатие Исар – Штип.

Коронавирус