среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

12 години од нападот на полициските Алфи кај ПМФ

12 години од нападот на полициските Алфи кај ПМФ

26 ноември во 2008 година е датумот кој припадниците на полициската единица „Алфи“ ќе го паметат засекогаш, но не по добро.

Во вооружен напад кај ПМФ, на тој ден животот го загуби еден припадник на единицата, а двајца беа тешко повредени.

И по 12 години нема целосно разрешница за овој случај.

За потсетување во 2018 година, преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев новинарката Лиридона Вејсели бараше слобода за напаѓачите за овој случај.

Минатата година во октомври, судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци Алмир Дрпљанин. Му беа досудени 20 години за грозоморниот напад врз полициските Алфи.

Откако беше осуден со правосилна судска пресуда на доживотна казна затвор, Апелациониот суд случајот го врати на повторно судење бидејќи првиот пат му се судело во отсуство. Кривичниот суд повторно пресуди доживотна казна за Дрпљанин, но Апелација и таа ја врати на повторно одлучување, за на крај казната да му биде намалена на 20 години. Дрпљанин беше во бегство на Косово до јануари 2015 година.

Освен нападот кога беше убиен полицаец кај ПМФ, тој е вмешан во убиството кај Саем што се случи во 2007, кога беше ограбено возило со пари, учествуваше во грабежот на Прокредит Банка кога имаше престрелка меѓу полицијата и разбојниците. Во 2008 година беше дел од криминалната група која со автоматски пушки ограбија поштенско комбе.

Коронавирус