четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 148
home Вести

12 чешки полицајци кои ја чуваат границата со Грција ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

12 чешки полицајци кои ја чуваат границата со Грција ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

12 полицајци кои беа дел од европскиот контингент за чување на македонско грчката граница од мигранти се позитивни на коронавирус.

Тие деновиве требало да ја напуштат Македонија и на нивни места да допатуваат други полицајци.

Но, на скринингот од Центарот за Јавно здравје од Гевгелија со кој бил опфатен контигнетот од 40 полицајци, 12 се со ковид 19, соопшти д-р Страшо Олумчев раководител на гевгелискиот центар. Сите полицајци се ставени во карантин, а во карантин одат и нивни колеги кои имале контакти кажа Олумчев.

Од стартот на пандемијата во Гевгелија се регистрирани 73 а во моментов со граничните полицајци има 46 активни случаи на ковид 19. Олумчев смета дека тоа е одраз пред се на недисициплината заради што очекува овид денови да има нови случаи

Ова не е прв случај да се појават позитивни на ковид 19 гранични полицајци од европски држави кои секојдневно патролираат долж македонско грчката граница за да ги спречат илегалните преминувања.

Коронавирус