вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

100 дена Влада, 100 дена загуби- неспобноста ја плаќаат учениците

100 дена Влада, 100 дена загуби- неспобноста ја плаќаат учениците

Се повеќе од јасно е дека во државата загрижувачка е состојбата во сите области на живеење. Тоа го потврдуваат се поголем број на граѓаните. Една од позагрижувачката состојба е образованието за кое очигледно министерката за образование и наука, Мила Царовска нема слух за тоа.

Како што ни посочија голем дел од учениците а и нивните родителите еден од главните проблеми кои тие го имаат е проблемот со оценувањето. Тие ни објаснија дека првичните оцени учениците требало да ги добијат до 20 ноември, а вторите сега до крај на декември за на крај да се формира полугодишната оцена. Проблемот кој ученицие го имаат во врска со оценувањето е тоа дека и тоа покрај што следат настава онлјан, сега тие се известени дека ќе мораат да бидат тестирани со физичко присуство.

-Моето дете е шесто одделение. Оваа го година за прв пат се сретна со поголем број на предмети. Пред некој ден наставничката по македонски јазик ги извести дека во текот на следната недела ќе мораат да бидат тестирани со физичко присуство за да им биде формирана полугодишната оцена. Па оттука кај нас како родители се постави прашањето дали може да се спроведе тестирање со физичко присуство и дали доколку се спроведе некој ќе ни гарантира дека ќе се запази здравјето на учениците, ни раскажа родител.

Ова е уште еден доказ дека онлајн наставата не ги даде посакуваните резултати.

За проблемитe во образованието посочи и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски каде потенцираше дека за сите проблеми во образованието е виновна власта Тој во своето обраќање наброи дел од проблемите во образованието, а тоа се:

-Наставниците не добија навремена професионална обука.

-Денес над 10.000 ученици следат опциона настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и при тоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.

-Се прекршуваат мерките за претпазливост и борба против КОВИД 19 пандемијата со тоа што не се пријавуваат и вешто се прикриваат заразени наставници и ученици.

-Во овие 100 дена влада единствено нешто што остана во образовниот процес се оние би рекол грантови кои што ги делеше Лидија Димова за тренирање на магарињата.

По сетоа ова може да заклучиме дека неспобноста на Владата и МОН ја плаќаат учениците.

Локални избори 2021