сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

„100 дена лаги и загуби“ – и албанската опозиција, Зијаден Села и Африм Гаши со критики за новата Влада

„100 дена лаги и загуби“ – и албанската опозиција, Зијаден Села и Африм Гаши со критики за новата Влада

Првите 100 дена од оваа влада се 100 дена од 4 годишното најлошо владеење што некогаш го имала оваа држава, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потсетува дека СДСМ вети живот, дури и повеќе, подобро, но во првите 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ, трговија со идентитетот, 1400 загубени животи од корона вирусот, поскапа струја, сиромаштија и економска рецесија.

Албанската опозиција исто така со критики за првите 100 дена од владата “Заев 2“.
“Влада на лаги“, “Албанец премиер, лага“, “Влада на марихуана“, “Лажен ветинг“, “Закон за казината, лага“, беа само некои од прашањата за кои лидерот на АА и тој на Алтернатива ја потсетија владата, особено ДУИ. Лидерот Зијадин Села вели дека интгегративците не реализирале ниедно ветување кое им го дале на Албанците, а не понудиле ништо освен лаги, пренесува ТВ21.

„Оваа Влада нема ниту грам морал за да продолжи со работа. Оваа Влада треба да даде оставка. Премиерот Заев треба да даде оставка и мора да се оди со широка Влада, со цел обврските да ги земат сите политички актери, за некаков компромис кој треба да се направи.“, рече Села.

Две карактеристики на новата Влада се исклучување на гласот на другите и неуспехот, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој ги спомна економијата, евро интеграциите, наставниот процес и лошото менаџирање со пандемијата.

„Ужасно е да бидете први во регионот за највисока смртност, не зборувам за Европа, туку ние сме пред Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, Грција, Бугарија и други земји, тоа е алармантно. Бројот на заразени е многу висок. Најголемиот неуспех на ова Влада во однос на пандемијата, е не подготвувањето за вториот бран.“, изјави Гаши.

Целиот текст на ТВ21.

Коронавирус