недела, 9. мај 2021. Вести денес: 114
home Вести

100.000 евра ќе чини Новогодишната забава на Заев и пријателите во Солун

Но, она што ја разбранува јавноста се астрономските цени во овој луксузен хотел кои од човек достигнуваат цена и до 3.200 евра од вечер. Доколку се земе во предвид дека Заев со него ќе носи  15 лица, цената од вечер ќе достигне вртоглави 48 илјади евра. Многу веројатно е дека премиерот нема да престојува само една вечер со што сумата се дуплира или триплира во зависност од бројот на денови кои Заев ќе ги помине во  Солун.
100.000 евра ќе чини Новогодишната забава на Заев и пријателите во Солун

По изјавите на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, како и на владиниот портпарол Миле Бошњаковски, очигледно е дека претстојот на премиерот Заев во Солун за Нова Година нема да биде официјална, туку приватна посета на Заев.

-Во суштина јас не го поканив него, тој се покани сам, вели за То Вима градоначалникот на Солун Бутарис, откако владата и официјално потврди дека премиерот Зоран Заев на покана на солунскиот градоначалник, новогодишните празници приватно ќе ги помине во Солун.

Во изјавата за То Вима, Бутарис објаснува:

-Кога го посетив Скопје во ноември се сретнав со него и тој ми рече дека сака да ја помине Нова Година во Солун. Јас му реков да дојде, времето е добро и ќе има убав престој. Како можев да претпоставам дека тој тоа ќе го разбере како официјална покана? Сега разбрав дека 15-сетина пријатели на неговите пријатели резервирале соби во хотелот ,,Македонија палас‘‘. Јас не сум инволвиран во тоа. Ако ми се јави ќе одам да се видам со него. Ако не ми се јави, тогаш тој ќе ја помине ноговодишната ноќ со неговите пријатели‘‘.

Заев ќе престојува во најелитниот хотел во Солун ,,Makedonia Palace ‘’, а заедно со него во придружба ќе има и 15 други лица, вработени во владата како и неговото официјално обезбедување.

Но, она што ја разбранува јавноста се астрономските цени во овој луксузен хотел кои од човек достигнуваат цена и до 3.200 евра од вечер. Доколку се земе во предвид дека Заев со него ќе носи  15 лица, цената од вечер ќе достигне вртоглави 48 илјади евра. Многу веројатно е дека премиерот нема да престојува само една вечер со што сумата се дуплира или триплира во зависност од бројот на денови кои Заев ќе ги помине во  Солун.

Граѓаните со право се прашуваат кој ќе ги плати трошоците на премиерот и неговите сопатници за престојот во Солун, дали тоа ќе биде подмирено од државата од џебот на граѓаните?

Имено, новопечената власт досега покажа дека расипничкото трошење не и е непознато. Скандалот со патувањето во Аргентина  на ,,шарениот’’ Александар Донев со бизнис класа како и патувањето во Албанија на кое потрошил цели 7 илјади евра и нарачките на морски плодови и фстаци на Шеќеринска во министерството за одбрана се доволен доказ за расипничкото работење на новата влада. Скандалот со мегаломанското новогодишно патување на Заев би било само последно во низата.

Коронавирус