недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 50
home Вести

10% старт на билетите за превоз поради новите патарини најавуваат превозниците

10% старт на билетите за превоз поради новите патарини најавуваат превозниците

За најмалку 10 отсто ќе се зголемат цените на автобуските карти за дестинациите до кои се стигнува преку автопатите на кои ќе се постават нови наплатни станици. Од асоцијацијата за превозници „Исток“ велат дека цената на патарините е вториот најголем фактор, по бензинот, кој влијае на цената на автобуските карти. Новите патарини ќе ги зголемат и трошоците на транспортерите на стока. Од МАКАМ-ТРАНС велат дека трошоците ќе бидат најголеми за оние кои работат само на територијата на Македонија, бидејќи тие не можат да повратат патна такса.

Од владата како неосновани ги отфрлаат овие тврдења на транспортерите. Велат дека цената на патарините се најниски во регионот, но и патиштата се најкратки, па според тоа, новите патарини немало да влијаат на цените.

Според директорот на Државни патишта, пак, ниту една патарина нема да поскапи, туку ќе поевтини. А во јавноста само се кревала дневно популистичка тензија.

-Нема никакво покачување, има намалување. Како има намалување. За 10-на  дена ќе ги пуштиме електронските патарини од коридорот 10. Секој што ќе користи картичка, ќе има бонус во зависност од сумата. Особено за камионите. Таму имате одредена сума и до седум отсто. Тој што има 50 камиони, на годишно ниво седум проценти, дали имате претстава колку е тоа. Значи има намалување, изјави Китанов.

Надлежните планираат на новиот автопат Миладиновци – Штип, да постават две нови патарини. Едната ќе чини 70, а другата 50 денари. Со новите давачки, од Скопје до Штип во двата правци патарината ќе изнесува 320 денари.

Најспакиот наплатен пункт ќе биде на делницата од Демир Капија до Гевгелија, кој ќе биде пуштен следната недела и ќе чини 100 денари. Таму е предвидена уште една патарина која треба да биде готова до крајот на годината. Тоа значи дека оние кои летово ќе патуваат во Грција за патарини ќе треба да се платат 280 денари.

Извор: sitel.com.mk

Коронавирус