петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

10 сообраќајки во Скопје за 24 часа, повредни 8 лица

10 сообраќајки во Скопје за 24 часа, повредни 8 лица

Четириесет возачи изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи под дејство на алкохол и 16 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.

Според билтенот на СВР Скопје, во изминатите 24 часа се случиле вкупно 10 сообраќајки од кои во четири има полесно повредени осум лица, а во шест е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила, а сообраќајната полиција сакционирала 37 возачи кои зборувале на мобилен телефон и 21 возач кои не носеле сигурносен појас. Издадени се и 89 мандатни казни, додека со специјалното возило „пајак“ подигнати се 67 возила заради непрописно паркирање.

Коронавирус