вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

10 сообраќајки вчера во Скопје: Едно лице тешко повредено, уште осум полесно повредени

10 сообраќајки вчера во Скопје: Едно лице тешко повредено, уште осум полесно повредени

Пешак е тешко повреден, а осум лица се полесно повредени во шест од вкупно десет регистрирани сообраќајни незгоди во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е евидентирана само материјална штета.

Од СВ Скопје информираат дека за пречекорување на брзина при возење се санкционирани 20 возачи, а 15 се исклучени од сообраќај од кои двајца возеле под дејство на алкохол, десет пред да се стекнат со право на управување, а тројца биле почетници.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 11 нерегистрирани возила, изрекла мерки на 99 возачи за непрописно паркирање, а пајакот подигнал 96 возила. Изречени се санкции и за тројца пешаци, за четворица возачи кои на крстосница поминале на црвено светло, еден кој не дал првенствено минување, двајца за неправилно престројување, како и на шест за непоседување зимска опрема.

СВР Скопје денеска ќе одржи сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи.

Локални избори 2021