четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 36
home Македонија

Утринските температури над нулата, најмногу дожд наврна во Крушево

Утринските температури над нулата, најмногу дожд наврна во Крушево

Утринава во 7 часот во Македонија се забележани минимални температури над нулата. Еден степен Крива Паланка, Берово, Лазарополе, 2 Скопје-З.Рид, Струмица, Куманово, Крушево, 3 Маврово, 4 Штип, Гевгелија, 6 Битола, Претор, Дојран, Дебар, Тополчани, Ѓуриште, 7 Охрид, Д.Капија, 8 Прилеп, Пожаране.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде се изметени 37 сантиметри снежна покривка. Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крушево 13 литри на метар квадратен. Следуваат Охрид со 11, Дебар и Лазарополе 10, 9 Маврово, Пожаране, 8 Прилеп, 7 Кр.Паланка, Виница, Струмица, Берово, Ѓуриште, 6 Скопје-З.Рид, Гевгелија, Пожар, 5 Претор, Тополчани, 4 Скопје-Петровец, Штип, Дојран, Виница, 3 Куманово, 2 Д.Капија.

Во текот на ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време. Дуваше слаб до умерен јужен ветер. Изутринава облачноста се зголеми и времето е променливо облачно.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Во СкопјепПроменливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

ЕУРО 2020

Македонија