четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Македонија

Триесетдневен притвор за поседување над 100 грама марихуана

Триесетдневен притвор за поседување над 100 грама марихуана

Притвор и отворање постапка за кривично дело, заработи лице кај кое е пронајдена марихуана.

Како што соопшти ОЈО, при претрес во домот на осомничениот во Кичево, на 20 септември, била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 107,74 грама спакувана во 15 зипер ќесички.

– Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО.