петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Македонија

Трагите од радиоактивни честички во Европа веројатно се од некој реактор

Трагите од радиоактивни честички во Европа веројатно се од некој реактор

Радиоактивните честички регистрирани во северна Европа минатата недела веројатно се испуштени од нуклеарен реактор, но нивното потекло сè уште не е откриено, соопшти денеска во Виена Меѓународната агенција за атомска енергија.

Земјите во регионот кои имаат реактори, вклучително и Русија, досега негираа поврзаност со радиоактивноста.

Малку зголемените нивоа на цезиум и рутениум „беа многу ниски и не претставуваа ризик за здравјето на луѓето и животната средина“, соопшти МААЕ.

Агенцијата наведува дека ваквите емисии може да се појават како резултат на работа на реактор или негово одржување.

Естонија, Финска и Шведска минатата недела регистрираа зголемено ниво на радиоактивни честички. Меѓународната организација за забрана на нуклеарни проби (CTBTO) во Виена исто така го следи движењето на честичките низ северна Европа и изработи мапа која опфаќа неколку држави од кои радиоактивни честички би можеле да се шират.

Коронавирус