петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home

Тешка сообраќајка во Виница: 5 повредени- две лица итно пренесени на Клиника

Тешка сообраќајка во Виница: 5 повредени- две лица итно пренесени на Клиника

Утринава во 04:40 часот било пријавено дека во Виница на улицата „Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.И.(26) од Штип, и патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.С.(59) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.С. и сопатничка од возилото “алфа ромео“ Е.И.(23) од Штип, по што биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Со повреди се здобиле С.И. и останатите сопатници од истото возило А.С.(19), Д.М.(27) и 17- годишно лице сите од Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.