сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Македонија

Телма ТВ објавува: За некои е ограничено движењето, за други не – во Чаир се пазари и среде полициски час

Телма ТВ објавува: За некои е ограничено движењето, за други не – во Чаир се пазари и среде полициски час

За некого цел викенд карантин, за други – само обична недела. Некои од луѓето повеќе се плашат од камера отколку од полиција. Влегуваме во последните часови од викенд карантинот, а Телма на терен провери дали улиците се пусти насекаде и дали граѓаните се послушни. На споредните улички во населбите сликата e поразлична од големите градски булевари.

Вака беше во скопски Чаир. Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачка е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час.

Движење регистриравме и во други населени места во скопско. Ова е населбата Даме Груев, за некои позната и како Новоселски пат. Полиција од време на време поминува во патрола. Казни нема, само остри усмени опомени за луѓето кои опуштено се движат надвор иако тоа не смеат да го прават.

Некои од жителите воопшто не се плашат од полицијата. Другите коишто го почитуваат полицискиот час и си работат во дворовите сметаат дека требало само порано да каже Владата дека ќе биде ограничено движењето.

Не само шетачи – при обиколката на терен камерата на Телма забележа и градежни работи. На ваква слика наидовме во скопски Сарај.

Коронавирус