петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Македонија

Тасева: Наместо да влезе во групата од 50 земји во борбата против корупцијата, Македонија се најде на 111 место

Тасева: Наместо да влезе во групата од 50 земји во борбата против корупцијата, Македонија се најде на 111 место

Наместо Република Македонија да се најде на во групата од педесет земји во однос на борбата која ја водат против корупцијата, ние овие неколку години назадуваме и со последниот извештај сме на историски најлошото ниво на Транспсренси, 111 место, рече претседателката на Транспаренси Интернешнл, Слаѓана Тасева во своето гостување во вестите на телевизија Сител.

Таа истакна дека за овој лош резултат очигледно многу работи се случиле или не се случиле од она што требало да се случи за што имало барања да се преземат мерки уште порано, затоа што навистина станува збор за најлош резултат до сега на индексот за перцепција на корупцијата на ТИ.

-Ние кога почнавме со нашето рангирање на индексот бевме на 63 место, тоа беше некаде во 2001 година. Потоа имавме и на 61 место, па на 69. Различо но секогаш беа заложбите дека треба и може подобро да се работи за Македонија да помине во државите кои што се над 50 место, рече Тасева.

Таа додава дека од периодот кога е формиран огранокот на Транспаренси во 2001, па и периодот кога таа беше во Комисијата за борба против корупцијата, сегашниве показатели покажуваат на влошување на состојбата со борбата против корупцијата.

Тасева посочи дека подолго време меѓународните институции кои што ги следат состојбите со корупцијата, како што е ГРЕКО, Европската комисија ни укажуваат дека имаме регулатива, но недостига имлементација на законите и неефикасност на институциите да се справат со корупцијата.

„Но, веќе подолго време сме сведоци дека меѓународните организации кои што ја следат состојбата со корупцијата , вкчучително и ГРЕКО, кое што следи го следи движењето на парите и извештаите на ЕК ни укажале дека нашата правна рамка и институционалната рамка се добри. Ние ги имаме законите, ги имаме институциите, меѓутоа она што недостасува веќе подолго време е имплементацијата на тие закони или недоволно ефикасност на институциите кои што треба да се справат со овој проблем“, истакна Тасева, додавајќи дека постое многу индикатори дека состојбите не се добри, но дека не постоеше политичка волја за справувањето со курупцијата.

ЕУРО 2020

Македонија