вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 173
home Македонија

Талибанците подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул

Талибанците подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека припадниците на движењето држат поединечни позиции на аеродромот во Кабул и оти се поодготвени мирно да ја преземат контролата кога ќе се повлечат американските војници.

Талибанците распоредија дополнителни сили пред аеродромот во Кабул за да спречат собирање на поголеми групи луѓе по бомбашкиот напад на 26 август, при што загинаа 13 американски војници и и 169 Авганистанци.

– Чекаме конечен одговор од Американците за да преземеме целосна контрола над аеродромот во Кабул, бидејќи двете страни имаат за цел итно премопредавање, изјави неименуван талибански претставник.

Американските трупи се во завршна фаза на евакуација од Кабул, а над илјада цивили чекаат да се евакуираат пред повлекувањето на војниците.

Американски неименуван претставник изјави дека на аеродромот во Кабул има помачку од 4.000 војници.
САД и сојузниците од Авганистан за две недели евакуираа околу 113.500 луѓе од Авганистан.

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека нов екстремистички напад врз аеродромот во Кабул е можен во следните 24 до 36 часа. Тој по средбата со воените и безбедносните советници истакна дека ситуацијата и понатаму е „екстремно висока“ и оти „нивото на закана од терористички напад останува висока“.

Бајде посочи и дека вчерашниот американски напад врз припадници на Исламска држава нема да биде последен одговор.

– Кажав дека ќе ги гониме одговорните за нападот врз нашите војници и невини цивили во Кабул. Ќе продолжиме да го гониме секој кој е вмешан во тој напад и тие ќе платат за тоа, истакна Бајден.
Американската вчера соопшти дека во нападот со дрон во авганистанската провинција Нангархар загинал двајца припадници на ИД.

Тоа беше прва официјална американска воена операција по самоубиствените напади на авганистанскито огранок на ИД врз аеродромот во Кабул на 26 август, при што загинаа 13 америокански војници и 169 Авганистанци.

Локални избори 2021