вторник, 21. август 2018. Вести денес: 95
home Македонија

Тајна чувана 11 години: Душан Свилар откри зошто го отпеа хитот на Чолиќ во финалето на „Ѕвездите на гранд“ со кој победи

Тајна чувана 11 години: Душан Свилар откри зошто го отпеа хитот на Чолиќ во финалето на „Ѕвездите на гранд“ со кој победи

Победникот на „ѕвездите на гранд“ Душан Свилар од далечната 2007 година за прв пат по 11 години откри долго чувана тајна.

Имено тој на финалето на ова шоу ја отпеа песната „Чија е оно ѕвезда“ од Здравко Чолиќ, а со неговиот настап ги воодушеви сите.

Но овие денови тој гостувајќи во една емисија откри зошто баш ја одбрал таа песна за финалето на „ѕвездите на гранд“.

-Постои една приказна околу избирањето на песните за финалето. Имено тогаш бевме на турнеја во Црна Гора и Саша Поповиќ ни кажуваше во детали како би изгледало финалето, а во еден момент ни рече „јас да сум на ваше место би ја избрал „чија е оно ѕвезда“ од Чолиќ“. А во тој момент јас го запаметив тоа бидејќи ми изгледаше привлечно, вели Свилар.

А во продолжение видете како изгледаше неговиот настап.