понеделник, 23. мај 2022. Вести денес: 40
home Македонија

Светското првенство во ватерполо одложено поради коронавирусот

Светското првенство во ватерполо одложено поради коронавирусот

Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) донесе неизбежна одлука и го одложи Светското првенство во ватерполо.

Патувањата се голем проблем за спортистите во овој период кога светот се соочува со нов бран на коронавирусот. Тоа беше главна причина за оваа одлука да се откаже ова натпреварување.

Наскоро ќе бидат потврдени точните датуми. Засега се знае само дека турнирот наместо во мај оваа година, ќе се одржи во јули 2023 година.

Исто така Светското првенство во спортови на вода, кое требаше да се одржи во Доха во 2023 година, ќе биде поместено за јануари 2024 година.

Коронавирус