среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 177
home Македонија

Срушени двата столба на Заев, ќе си поднесе ли оставка?!

Срушени двата столба на Заев, ќе си поднесе ли оставка?!

Премиерот Зоран Заев бараше чист мандат за да покаже каков економист знае да биде, а денес македонската економија е на дното, официјално во рецесија, но исто така денес Македонија е и со вето од Бугарија и блокада за почеток на преговори со Европската унија. Никола Димитров во интервју потврди дека оваа недела тешко да се очекува пробив за почеток на преговори со ЕУ.

Со ова премиерот Зоран Заев ги сруши и двата столба на кои се темелеше Владата и она за што доби мандат од народот. Во секоја демократска земја после неисполнување на ветената агенда за што народот доделил мандат следен чекор би бил оставка.

Премиерот Зоран Заев во интерју за „Фокус“ на 03 февруари 2020 година даде изјава со која побара чист мандат за да покаже каков економист знае да биде.

„Барам чист мандат на следните избори и повикувам за СДСМ да гласаат и граѓаните од другите етнички заедници.. Нам не ни треба нови кавги со Албанците дома и со соседните држави. НАТО и ЕУ се затворени прашања, односите дома меѓу заедниците исто така, затоа барам мандат за да видат граѓаните каков економист можам да бидам“, изјави Заев.

Исто така и економијата е на дното а во текот на вчерашниот ден потврдено е дека Македонската економија и официјално е во рецесија. Ударот од кризата е засилен и ги коригира проекциите на Народната банка, која предвидува 2020-та да заврши со пад од 4,9%. Опоравувањето ќе трае до 2022 година.

„Во согласност со ваквиот контекст, при понеповолно надворешно окружување, но и послаби остварувања во првата половина на оваа година, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност од 4,9% во 2020 година и постепено закрепнување со интензитет од 3,9% и 3,6% во следните две години“, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.

Во своето гостување на Сител ТВ заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров потенцира дека очекува министерот за европски прашња, Михаел Рот да се осврне на напорите на Германија за проширувањето на Унијата.

Исто така, Димитров вели дека не очекува оваа недела пробив за започнување на пристапен процес на преговори со ЕУ.

„Утре има целото прашање на проширување како точка за информирање и мислам дека министерот за европски прашања Михаел Рот на Германија веројатно ќе се осврне на нивните напори и претпоставувам на прес-конференцијата најавена по завршувањето на тој состанок. Дел од тие работи ќе сподели и со јавноста, мислам дека за жал најверојатно нема да има пробив оваа недела, за пробив подразбирам ние како Македонци коишто зборуваат македонски јазик, да почнеме пристапен процес што ќе ни ја европеизира нашата држава“ вели Димитров

После ваквите изјави на официјалните лица задолжени за ЕУ интеграциите и официјалните потврди за крахот на македонската економија каде се нарушени двата столба на која се темели Владата на премиерот Заев, се поставува прашањето дали тој во духот на демократијата ќе поднесе оставка.

Локални избори 2021