среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Македонија

Солскјер: Како да излеземе од кризата? Прашање од милион долари

Солскјер: Како да излеземе од кризата? Прашање од милион долари

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, нема одговор како да го врати тимот на победнички патеки. Јунајтед вчера загуби од Њукасл во 8. коло од Премиер лигата (0:1).

– Се разбира, ние сме вознемирени. Недостасуваат неколку клучни играчи, но ова не е изговор. Фудбалерите работат напорно, но сега сме во необична позиција. Некои момци немаат доверба при реализацијата. Создаваме шанси ама…. Кои се решенијата? Ова е прашање од милион долари, зар не? За среќа за нас, сега ќе има пауза за натпреварите на националните тимови. Имаме време да разбереме што се случи во првите осум натпревари. Многу од нив беа многу слични. Се надевам на враќање на неколку играчи, изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед по осум одиграни натпревари го зазема 12. место во Премиер лигата со само девет освоени бода.