среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 175
home Македонија

Снимката од една минута и пол за која зборува цел свет! Меркел ги објасни најважните точки во борбата со Ковид-19…

Снимката од една минута и пол за која зборува цел свет! Меркел ги објасни најважните точки во борбата со Ковид-19…

Говорот на германската канцеларка Ангела Меркел во кој во една минута и пол објаснува како коронавиурсот се шири и колку е опасно наглото ублажување на рестриктивните мерки во кратко време, го распамети светот.

Пред сè на Американците кои што се противат на политиката на Доланд Трамп… Откако нејзиниот говор бил преведен на англиски јазик, голем број луѓе се пофалиле на социјалните мрежи и изразиле љубомора, но имало и онакви кои што ја пофалиле шефицата на Германија.

Инаку, Меркел има диплома и докторат во областа на квантна хемија, што без сомнеж ја прави една од најквалификуваните членки на некоја држава во текот на пандемијата.

Германија, иако многу е погодена од вирусот, успеа да започне израмнување на кривата, а има и многу мала стапка на смртност за разлика од останатите земји.

Во видеото кое што почнало да се шири многу брзо на социјалните мрежи, Меркел објаснува зошто укинувањето на рестриктивните мерки бара внимание и опишала како доаѓа до експоненцијален раст на заболени луѓе од вирусот.

Таа исто така објаснила и колку една заразена личност може да зарази други луѓе, и дека тоа прави голема разлика во тоа како понатаму ќе функционира еден здравствен систем.

„Тоа е политичарката која што ги разбира основните бројки. Многу други ќе се обидат да одржат говор за нешто во што не се разбираат“.

„Во споредба со многу други земји, ова ми е најдрагиот говор во текот на пандемијата. Не сум голем љубител на Меркел, но ми се допаѓа нејзиниот говор сред кризата“ – се само некои од коментарите на сметка на Ангела Меркел.

Локални избори 2021