вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Македонија

Снегот доаѓа кон Македонија: Хрватска утрово наликува на вистинска зимска идила- УХМР со најава за пресврт во времето и кај нас (ФОТО)

Снегот доаѓа кон Македонија: Хрватска утрово наликува на вистинска зимска идила- УХМР со најава за пресврт во времето и кај нас (ФОТО)

Популарното загрепско излетничко место Сљеме денеска беше прекриено со снег.

На снимките, кои ги објавија хрватските медиуми, се гледа дека шеталиштето е целосно празно. Зелените површини и клупите се бели од снегот и дува ветер.

Зимата се вратила во поголемиот дел на Хрватска. Денешниот ден бил студен, облачен и магловит, а температурите некаде биле измерени околу нула степени.

Инаку во понеделник ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, силен ветер, а ќе има и услови за појава на град.

В понеделник кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, па во вторник наутро ќе има услови за провејување на слаб снег на повисоките планини.

В среда утрото ќе биде студено, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.

Коронавирус