Нов скандал на премиерот на заминување Зоран Заев кој денеска на својот Твитер профил објави незаштитени фотографии од средба во Влада со децата-штитеници од домовите. „Шегобиецот“ Заев, со овој чин, кој е и кривично дело, се пошегува дека ова била „Новата техничка влада“?! Еден дел од фотографиите беа заштитени, т.е. заматени, но на дел од нив јасно се гледаат малолетните штитеници на установите. Децата од домовите биле во посета на владата.
„Од срце фала ви што ми го направивте денот сон! Бајка!“ – напиша на Твитер премиерот во заминување, притоа паралелно кривично кршејќи ги нивните права со објавувањето на незаштитетните фотографии на малолетните дечиња. Се очекува остра реакција на здруженијата за заштита на правата на децата.
Курир, од оправдани причини, почитувајќи ги правата на штитениците, ја заштити и замагли фотографијата со насмејаните детски ликови зад Заев кој ги одбројува последните 9 денови од функцијата.