четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 123
home Македонија

Сина месечина, редок феномен на небото на 31 октомври

Сина месечина, редок феномен на небото на 31 октомври

Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена. Ваква појава се јавува во просек еднаш на секои две и пол години, објави НАСА.

Секој месец има по една полна Месечина, но бидејќи лунарниот циклус и календарската година не се совршено синхронизирани, ние завршуваме со две во истиот календарски месец приближно на секои три години.

Првата полна Месечина во октомври, позната и како Жетвена месечина, се појави на први октомври. Втората полна месечина или „сината месечина“ ќе биде видлива на 31-ви октомври.

Ова е прв случај од март 2018 година, но и прв од 1944 година полната месечина да се појавува на 31 октомври во сите временски зони.

Феноменот „Сина месечина“ не мора да значи дека ќе биде сина, иако темно синиот тон на вечерното небо може да влијае на боите што ги гледаме.

Коронавирус