среда, 1. април 2020. Вести денес: 181
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Македонија

Шварценегер од Алиекспрес

Шварценегер од Алиекспрес

„I’ll be back“ или во превод „Ќе се вратм“ порача техничкиот ни премиер Оливер Спасовски во видео скоцкано онака филмски, само глумецов од Алиекспрес.

Ќе се врател кажа ама не кажа каде, во Куманово најверојатно? Бидејќи таму живее. А каде на друго место би се вратил, во МВР? Не верувам! Не го примаат, доста беше екскурзија, дури и многу остана.

Мислам дека многу остана, затоа што направи тотален хаос, безредие, криминалци слободно шетаат по улици, полицајците се понижени како никогаш до сега.

Се сеќавате на случката со „пајакот“, на онаа случка со полицајката која беше рашамарана на сред булевар, тоа не е понижување на полициски службеник? Или нешто потазе, пукањето во Александар Палас, пукањето во Фантом, пукањето на „Рузвелтова, убиството на Мартин Јанушев… во сите овие случаеви можеше да бидат убиени и невини луѓе, не дај Боже деца!

Случката со „пајакот“ ја сокривте под тепих затоа што ќе ви се налутеше коалициониот партнер (на Беќо мислам), а овие другиве, каубојциве што решетаат со калаши низ Скопје ви се другари, ви ги работат прљавите работи, патем ви требаат за избори, да не се лажеме.

И да не се лажеме ги знаете сите со име и презиме, само не се осмелувате да им пратите специјалци да ги апасат, ама затоа правите смешни акции во кои учествуваат 300 инспектори и уште толку специјалци, а претходно ги известувате вашите другари за истата акција.

Три години криминалот цвета, три години хаос и безредие, амнестиравте над 1500 затвореници со изговор дека се освестиле, на крај сите ги вративте во затвор, сите го повторија делото, да не се лажеме!

Како министер за внатрешни работи имате повеќе слики со Боки 13 отколку тој што има со мајка му и татко му. Знаете, зборам за Боки-рекетарот, на оној Боки на кој му дозволивте и телевизија да отвори, мислев барем дека имате критериуми и за таа „професија“, кој е рекетар, а кој…

Затворите ги направивте „хотел промаја“, кога сакаш влези, кога сакаш излези! Просто кажано, слободно правете криминал, а за лежење ќе се договориме.

ПС: Шварци, во Куманово ќе се вратиш, во МВР никогаш.

 

Ристе Здравков